Вучиќ за загадувањето на воздухот: Моите деца живеат во најзагадениот дел од Србија, па често ги изнесуваме надвор

0
112

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ гостуваше утринава во утринската програма каде зборувал за актуелните теми – од загадување на воздухот до изборниот цензус.

Моите три деца живеат во најзагадениот дел од Србија и Белград, во Нов Белград, па Вукан редовно го носиме надвор, најнормално…И мене ме изнесувале мене – рекол Вучиќ на самиот почеток додавајчи дека денес проблем е глобалното затоплување, потоа зголемувањето на патниот сообраќај. Зголемувањето на стандардите донело и поголем број на автомобили така што денес во Белград има дури 350.000 автомобили, двојно повеќе од пред 10 години. Тој додал дека ситуацијата со загадувањето била иста како и кога тој бил дете.