Спасовски: Продолжуваме да ги унапредуваме односите и соработката меѓу Македонија и Руската Федерација во сите области од заемен интерес

0
81

На средбата премиерот Спасовски на амбасадорот Баздникин му предаде писмо со честитки до новоизбраниот претседател на Владата на Руската Федерација Михаил Машустин, со желби за успех во извршувањето на должноста и позитивни резултати кои ќе продонесат за натамошен сестран напредок на Руската Федерација и за благосостојба на пријателскиот руски народ.

Претседателот на Владата на Македонија Спасовски, во писмото до премиерот Машустин, како и на средбата со амбасадорот Баздникин изрази уверување дека двете влади ќе продолжат да соработуваат на натамошно унапредување на односите и продлабочување на соработката меѓу Македонија и Русија, во сите области од заемен интерес.