Гаши и Села се договорија: Алтернатива и Алијанса во предизборна коалиција

0
46

Алијансата за Албанците и Алтернатива се договориле за предизборна коалиција. Соработката се очекува да биде официјализирана за неколку дена. Иако се преговараше и со Беса до соработка со оваа партија најверојатно нема да дојде, пренесе весник.мк
Причина за тоа е нетрпеливоста помеѓу Алтернатива на Африм Гаши и Беса на Билал Касами. Тие до лани беа во една партија, но потоа Алтернатива се издвои како нов политички субјект.