Двајца скопјани и момче од Кичево уапсени откако кај нив била пронајдена дрога

0
127

Вчера во 18:50 часот на ул. Скупи бб во близина на бензинска пумпа, поради кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, по чл.215 од Кривичниот Законик лишено од слобода е лицето Ф.А(25)од Скопје, кај кого е пронајдено марихуана. Лицето е приведено во полициска станица и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Истиот ден во 23:00 часот на паркингот кај Тутунски комбинат од страна на припадници на Единицата за интервентна полиција при преземени дејствија и преглед над лицето Н.Р (35) од Скопје во неговото патничко моторно возило, пронајдени се паковки со прашкаста материја. Лицето е приведено во полициска станица за натамошна постапка и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера на ул. „Јанко Михајлоски“ во Кичево, при извршен преглед, кај В.А.(28) пронајдена е марихуана. Тој е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.