„ДВИЖЕЊЕТО ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ“ БАРА ТОЧНИ ИНФОРМАЦИИ И ОДГОВОРНОСТ ОД ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ

0
70

„Почитувани граѓани оние инструменти кои што работат повторно измерија потсетувам тие што работат и мерат многу висока концентрација на загаденост во главниот град.“ – изјави Јани Макрадули – пратеник на СДСМ во Собранието.

„Креирајќи политика со Али експрес сензори може само да настане паника помеѓу граѓаните и затоа укажувам дека сите држави политиката ја мерат на кредибилни информации од кредибилни сензори кои што ќе се сложите чинат пари, а не некој кој што сака да направи бизнис па тука уфрлува паника.“ – зборуваше Макрадули како заменик министер за животна средина.

Каков воздух дишеме, кој не труе и дали мерењата се точни се чини зависи дали сте во опозиција или пак на власт. Откако вториот човек за животна средина податоците од загадувањето од мерните инструменти на граѓанските здруженија ги нарече нереални, еко активистите со остра критика до Макрадули. Му порачаа прво да ги поправи државните мерни станици и конечно да ги лоцира главните загадувачи, па да изјавува дека загадувањето било помалку алармантно.