ДЕБАРМААЛСКА НОВА ГОДИНА

Со оро, чаша здравица греана ракија или вино, но и традиционалното кршење на погача, и годинава одбележана Дебармаалската Нова година.

Новиот кум годинава е Тони Стојановски кој заедно со минатогодишниот Роберт Бојаџиевски им посакаа здравје среќа и успех на Дебармаалци но и како што велат оваа традиција да продолжи како главно обележје на ова маало кога жителите се собираат и си ја честитаат годината која штотуку почнува.

Оваа дебармаалска средба е традиција повеќе од 90 години. Здравје среќа и успех на граѓаните им поска и најстариот жител на дебар маало Стефан Гулески .