Денес гори Австралија, утре светот!

0
90

По повеќемесечна екстремна топлина и суша во Австралија, пожарите беа неизбежни. Австралија се соочува со големи пожари секоја година, но оваа, тие се особено екстремни, а летото во јужната хемисфера тукушто започна.

Осум милиони хектари се уништени од пожарите досега. Најмалку 25 луѓе и милиони животни се убиени. Цели региони останаа без струја, а облак од чад прекрива половина од континентот.

Но Австралија не е единствената земја која гори. Во 2019, онлајн платформата Global Forest Watch Fires (ГФВФ) изброја преку 4,5 милиони пожари ширум светот кои биле поголеми од еден квадратен километар. Тоа се 400 илјади пожари повеќе одошто во 2018 и двојно повеќе одошто во 2001.

„Бројот на пожари и нивната големина варира од година во година, но големиот тренд е дека ризикот од пожар се зголемува глобално“, вели за ДВ Сузане Винтер, менаџер за шумски пожари во Светскиот фонд за природа (WWF).Причините поради кои започнуваат пожари и се одржуваат се комплексни. Но експертите сега посочуваат кон врска меѓу зголемениот број пожари и повисоките температури на океаните како резултат на климатските промени.