ЕК планира да ги укине монетите од еден и два евро-цента

Европска комисија планира укинување на монетите од еден и два евро-цента, објави германскиот весник „Зидојче цајтунг“.

Весникот истакнува дека ЕК утре ќе ја претстави програмата за работа што го содржи предлогот „единствено правило на заокружување“ со цел да се укинат најмалите монети.

Во извештајот на ЕК од 2018 година се наведува дека поголем број земји-членки од еврозоната преминале на заокружување на цените на пет центи.

Извор фокус