Запрени четири камиони со РДФ – отпад за горење на граничниот премин Богородица

Четири камиони со РДФ отпад или така наречен еко-енергенс наменет за Цементарница УСЈЕ се запрени во текот на ноќта на граничниот премин Богородица –дознава Телма од извори на граничниот премин.

Повикани се инспектори од Министерството за животна средина  да земат примероци и да ја проверат содржината на отпадот.

Според извори на Телма ова биле 4 од 16 те камиони кои влегле во Макеоднија со ваков РДФ отпад наменет за истата фабрика. Од министерството за животна средина најавуваат дека по извршениот увид на документацијата и анализа на земените примероци од страна инспекторите и царинските служби, резултатите ќе бидат споделени со јавноста.