Земјотрес во Албанија, почувствуван и во западниот и северниот дел на Македонија

0
132

Земјотрес со интензитет од 4,5 степени според Рихтеровата скала, пред десетина минути го погоди источниот дел на Албанија, непосредно на границата со Македонија.

Земјотресот бил почувствуван и во северните делови од нашата земја, во околината на Маврово, Дебар, Кичево, Гостивар, Тетово па дури и во Скопје.