Изборен молк во Хрватска пред утрешниот втор круг од претседателските избори

Во Хрватска на полноќ започна изборниот молк во пресрет на утрешниот втор круг од претседателските избори, на кои 3.860.000 гласачи ќе се изјаснат за Колинда Грабар-Китаровиќ (ХДЗ) или поранешниот премиер Зоран Милановиќ (СДП).

Изборниот молк ќе трае до недела во 19 часот, односно до затворањето на гласачките места.

Државната изборна комисија ги повика кандидатите, нивните предлагачи, гласачите и медиумите да го почитуваат изборниот молк. Исто така побарано е молкот да се почитува и на социјалните мрежи.