ИСТЕКУВА РОКОТ НА УНЕСКО ЗА ОХРИД

0
75

 

27 ми јануари е датумот или денот „Д“ за Охрид, кога претставници на унеско ќе дојдат во контрола на тоа што е сработено, а што не и врз основа на посетата и извештајот кој до организацијата ќе патува на 1 февруари ќе зависи исходот во јуни во кина кога дефинитивно ќе се знае дали заштитеното унесково подрачје ќе добие нова шанса. Градоначалникот Георгиевски во честитката за нова година пред граѓаните подвлече дека унеско ќе биде токму прироритетот за локалната власт низ цела 2020, а очекувањата му се дека охрид ќе успее да остане под закрила на светската организација.

на 17 ми јануари ќе го формираме во охрид меѓудржавниот комитет за унеско заедно со албанија , на 27 ми јануари доаѓа реактивната мисија на унеско во охрид.Сите Процеси кои ги започнавме активно продолжуваме да ги спроведуваме и мислам дека во јуни во кина ќе добиеме позитивен одговор” – вели градоначалникот на охрид константин георгиевски.

Според георгиевски најголема главоболка во битката за зачувување на престижниот епитет не се дивоградбите и нивното рушење туку справувањето со најголемата депонија во регионот депонијата буково која моментално е и најголем загадувач охридскиот регион.