Нема одговор што ќе се случи со армијата советници на Заев по неговото заминување од Владата

0
70

Ќе ги задржи ли Спасовски педесетмината на Заев? Што ќе се случи со армијата советници на премиерот по неговата оставка, односно по формирањето на преодна Влада и клучно, дали вооошто се потребни советите што според груба пресметка ги чинат граѓаните најмалку 25.000 евра месечно во период на „влада за избори“?

Од кабинетот на Заев, избегуваа да дадат одговор на низата прашања за иднината на историски најбројните 50 владини советници. Па велат, премиер сè уште бил Зоран Заев, а нè упатија одговори да бараме преку слободен пристап на информации. Оттаму вообичаено појаснувања се добиваат за најмалку триесет дена.

-Претседател на Владата на Република Северна Македонија сѐ уште е Зоран Заев. Исто така, не е закажана седница за гласање на техничка Влада. Ви посочуваме Вашите прашања да ги упатите преку слободен пристап до информации од јавен карактер, преку соодветната законска постапка, велат оттаму.