КОКА-КОЛА ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА КОРИСТИ ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА, ЗАТОА ШТО ВИЕ ТАКА САКАТЕ

0
116

Пластичните шишиња за една употреба нема да бидат укинати од Кока-кола и покрај целиот отпад што го создаваат на глобално ниво бидејќи се уште има голема побарувачка за нив од потрошувачите, изјави за Би-би-си директорката за одржливост на Кока-кола. Тоа што народ препека по Кока-кола во стаклените шишиња од литро, изгледа не се важи.

Беа Перез објаснува дека потрошувачите го претпочитаат ова пакување затоа што убаво се затвора и е лесно. Она што Кока-кола може и ќе го направи, според Перез, е до 2030-та да рециклира ист број на пластични шишиња колку што ќе употреби.

Компанијата користи три милиони тони пластични пакувања годишно, што е еднакво на 200.000 пластични шишиња во минута. Во 2019-та Кока-кола во глобалната ревизија на отпад од пластика беше прогласен за бренд што најмногу загадува.