Масовна евакуација на Филипини поради вулканска активност

Филипинските власти наредија евакуација на осум илјади жители и откажани се сите летови кон главниот град Манила, откако вулканот Таал во неделата почна да исфрла пепел и се почувтствувале треперења на почвата.

Филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија го зголеми нивото на безбедноста поради вулканот Таал на „нивото три“ кое упатува на можноста од „опасна епрупција во текот на неколку седмици“. Највисокот ниво е „нивото пет“, кога веќе се одвива магматска ерупција.