Момче прегазило двајца пешаци, хоспитализирани со тешки повреди

0
97

Две лица се здобиле со тешки повреди откако биле удрени од автомобил.

Несреќата, информира полицијата, се случила вчера утрината на ул.„Македонски гемиџии“ во Битола, кога „Рено меган“ управуван од Ф.Т.(27) од Битола, удрило во пешаците П.Н.(65) и Ќ.Н.(63), двајцата од Битола.

-Во незгодата пешаците се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош, велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.