Над 100.000 граѓани не си подигнале 2,4 милиони евра од пропаднатите банки и шедилници

Податоците на Фондот за осигурување на депозити покажуваат дека од јануари 1997 година до крајот на јуни лани, во земјава пропаднале вкупно 11 банки или штедилници каде вкупното обештетување изнесувало 24,7 милиони евра, иако граѓаните во нив чувале вкупно 29 милиони евра. Најмногу пари биле заробени во Македонска банка а.д. Скопје во ликвидација, каде во моментот на пропаѓање граѓаните чувале 29 милиони евра, а осигурани биле или обештетувањето изнесувало 21,2 милиони евра, од кои до крајот на јуни лани се исплатени вкупно 18,9 милиони евра или 89,17 проценти, што е еден од пониските проценти во однос на другите пропаднати банки и штедилници, каде обештетувањето одело до над 95 проценти.

Во извештајот на Фондот стои дека парите од обештетувањето на биле подигнати од лични причини.

„Над 50 отсто од нив имаат поединечни депозити – предмет на обесштетување помеѓу 100 денари и 1.000 денари кои можеби поради неатрактивноста на износот и покрај бројните јавни повици не го оствариле правото на обештетување“, се наведува во Извештајот.

На веб страницата на Фондот сѐ уште стои повик до граѓаните кои штеделе во оваа банка дека можат да побараат обештетување, под услов да докажат дека тие или нивните починати роднини штеделе во оваа банка.

Во земјава досега се пропаднати: Експорт импорт банка, Македонска банка, Радобанк Скопје, Алмако банка и штедилниците Уни-проком, Митштедилница – Куманово, Киро Ќучук – Велес, „Фершпед”, ИНКО, Интерфалко и штедилницата АМ од Скопје сѐ уште не се обештетени. Вкупниот износ на пари кои треба да ги земат изнесува 149,9 милиони денари.