Небото над Австралија e црвено, луѓето бегаат на плажите, Градот Памбула е испразнет

0
138

Градот Памбула е испразнет, улиците се пусти и полни со густ чад над кој се надвива нереално црвено небо. Некои 30-тина километри појужно црвеното небо надвисна и над градот Иден. Таму стотици жители, според упатствата на полицијата, побарале засолниште на плажите. Во таа област се уништени бројни куќи, а властите стравуваат дека може да има и мртви.

Слична е ситуацијата и во Еден, на околу 30 километри оддалеченост. Голем број домови се уништени, а плажите послужиле како засолниште на многу мештани.

Во Австралија буктат околу 146 пожари, а 65 сè уште не се локализирани. На терен се 2.700 пожарникари.

Австралискиот премиер Скот Морисон кажа дека една тешка ноќ е зад нив. Додаде дека неговиот фокус е на оние на кои им треба помош. На пожарникарите им помагаат и 3.000 војници, а Нов Зеланд и Сингапур исто така понудија своја помош во војници