НИТУ ЕДЕН МЛАД ЗЕМЈОДЕЛЕЦ ОД ЈУГОИСТОКОТ НЕМА ДА ДОБИЕ 10 ИЛЈАДИ ЕВРА

Нема ниту еден земјоделц на возраст до 40 години од Југоисточниот регион кој ќе користи 10 илјади евра од последниот повик „Помош за млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност’’.

Од неодамна потпишаните 102 договори најмногу млади земјоделци што ќе користат државна помош има од пелагонискиот 28, во источниот 24, скопскиот 21 и вардарскиот регион 12 млади земјоделци. Во останатите многу помалку додека во Југосточниот ниту еден млад земјоделец

„Имаше апликации од Југоисточниот регион, но не беа соодветни според повикот од мерката 112.’’ информираа од Платежната агенција

Земјоделските здруженија алармираат дека треба поголема грижа за агросекторот бидејки старосната граница на земјоделците е се поголема а многу млади не сакаат да се занимаваат со земјоделство.