Од ВМРО-ДПМНЕ со реакција за Курто Дудуш: СДСМ и нивното Луј Витон судство порача – ако си наш, ќе поминеш само со опомена

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска со реакција по повод судската опомена за градоначалникот Курто Дудуш, кој денеска ја призна вината, и се извини, по што доби само опомена.

„СДСМ и нивното Луј Витон судство, денеска им порачаа на граѓаните, ако си наш или со нас, можеш да тепаш, ќе поминеш само со опомена.

Денес на дело се виде дека неправдата на Зоран Заев и СДСМ. Градоначалникот Курто Дудуш кој беше обвинет за физички напад врз граѓанин помина на суд помина само со судска опомена.