ОЈО бара притвор за заканувачот Јакимовски

0
39

Поранешниот вработен во Централен Регистар, Емил Јакимовски, кој им се закануваше и ги навредуваше новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска , како и директорката на ЦР, Марија Бошковска-Јанковски, е изведен пред судија на претходна постапка во скопскиот Кривичен суд, а обвинителството бара притвор за него.

ОЈО-Скопје поведе постапка против едно лице за сторено кривично дело-загрозување на сигурноста при вршење семејно насилство, загрозување на сигурноста по пат на информатички систем, како и неизвршување на судска одлука од член 377, став 5. Ценејќи ги сите околности во предметот, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд –Скопје, ќе достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, се вели во соопштението на ОЈО.