Патарините во Македонија најскапи во регионот

Цената на патарините за патничките возила, на автопатиштата во земјите од регионот е различна, но како најскапи патарини пресметано за изминати 10 километри по автопат има Македонија.

Во Македонија, цената е значително различна ако се плати во денари или евра – десет километри автопат во евра чинат околу 0,75 евра, додека во денари е 30 денари, или 0,49 евра.

Во Босна и Херцеговина возачите ќе треба да платат околу 0.54 евра за 10 километри поминати по автопат.

 

Во Хрватска возачите трошат 0,64 евра за десет километри извозени на автопатите.

Патарините во Србија се најевтини – возачите треба да платат 0,33 евра на секои 10 километри поминати по автопат.

Косово е сѐ уште без патарини. Во Косово употребата на автопатот сè уште не се наплаќа, додека Црна Гора сè уште ги чека првите километри од автопатот.