Патнички авион се излизгал од пистата на аеродромот во Истанбул

Боинг 737-800“ на лет од Обединетите Арапски Емирати во сопственост на нискобуџетната турска компанија „Пегазус“, се излизгал од пистата додека слетувал на аеродромот Сабих Гочкен во Истанбул.

Приватната новинска агенција „ДХА“ известува дека патниците биле евакуирани по итна постапка.

Канцеларијата на градоначалникот на Истанбул соопшти дека немало жртви ниту повредени и дека сите 164 патници се безбедно евакуирани, наведе „ДХА“

Невреме и силни дождови го попречуваат сообраќајот во Истанбул од недела навечер.