ПИОМ исплатил 4 милиони евра на починати лица, изгубил документи за стаж на илјадници граѓани

0
79

Фондот за пензиско исплатил речиси 4 милиони евра на починати лица, изгубил докумнети за стаж на илјадници граѓани поради што е доведено под знак прашалник нивното право на пензија. Ова го открива ревизијата на работата на ПИОМ која била правена лани, а се однесува на 2018 година, oбјави Телма.

Ревизорите поради „страшните“ наоди, дури се воздржуваат да дадат мислење за финансиските извештаи на Фондот. Тие откриле дека до денот на ревизијата имало 4.210 осигуреници кои имаат возраст за пензија, но им нема дел од стажот. Но велат трендот покажува дека бројките ќе растат. Директорот на ПИОМ, Шаип Зенељи, денеска беше недостапен за одговор.

-За периодот од 1992 до 1996 година Фондот не располага со архивирани документи за доставените М пријави, со што е оневозможено потврдување на внесениот стаж и основицата за платен придонес. Од 2011година Фондот презел активности за дигитализација на ролни и складирање на документите во електронски медиуми преку електронски оператор. Од вкупно 2.549 микрофилмски ролни до сега се дигитализирани само 32 проценти и преостануваат уште 1.316 ролни со околу 7.100.000 документи“– утврдиле ревизорите.

Ревизорите констатираат дека осигурениците за кои нема податоци во матичната евиденција на Фондот, тешко можат да го докажат платениот стаж, бидејќи најчесто фирмите во кои работеле се ликвидирани и за нив не секогаш се наоѓаат документи дури и во Државниот архив.

Целиот текст тука.