Пијан татко и син нападнале полицајци

0
72

Инцидентот се случил вчера околу 6 часот на улицата „Методија Шаторов Шарло“ во Скопје.

Скопската полиција денеска извести дека вчера полициска патрола ги уапсила С.Д.(53) и неговиот син А.Д.(22), двајцата од Скопје.

Според полицијата, вчера околу 6 часот на улицата „Методија Шаторов Шарло“, С.Д., кој бил во алкохолизирана состојба, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои постапувале по претходна пријава, а при обид да го приведат, полицајците биле нападнати од неговиот син.