После првиот, веднаш и втор посилен земјотрес во Албанија кој се почувствува и во Македонија

0
40

После првиот земјотрес од 4,5 степени според Рихтеровата скала со епицентар во источна Албанија, непосредно на границата со Македонија, се случи нов земјотрес со епицентар на само неколку километри од првиот. Вториот беше посилен, односно со 4,6 степени според Рихтеровата скала.

И овој беше почувствуван во Македонија, особено во северните и западните делови, а беше регистриран и од сеизмолошките мерни станици во Охрид, па дури и во Валандово.