Прва седница на техничката Влада- Шеќеринска , Османи , Царовска и Дураки се вицепремиери

0
86

На денешната прва редовна седница на новиот состав на предлог на премиерот Спасовски како негова заменичка за економски прашања е именувана Мила Царовска, како и министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки. Драги Рашковски останува генерален секретар на Владата.

На првата владина седница присуствуваа и новите технички министри од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за внатрешни работи Наќе Чулев и за труд и социјална политика Рашела Мизрахи. Мизрахи на првиот работен ден на Фејсбук објави дека министерството со кое сега раководи наместо проблеми мора да наоѓа решенија.

,,Сиромаштијата е галопирачка, ранливите категории граѓани се на маргините. Достоинството на пензионерите е разнишано. Доаѓа време на одлуки и промени…, напиша новата техничка министерка.—„Тимот на Мизрахи е составен од веќе познати лица на јавноста од режимското владеење на ВМРО ДПМНЕ“, одговорија на статусот од СДСМ.