35 годишник од Тетово бил повреден со остар предмет од две години постар сограѓанин откако претходно имале расправија на улицата Маршал Тито близу градскиот пазар околу 17 часот. Повредениот откако добил лекарска помош во тетовската болница, бил однесен на скопските клиники поради сериозноста на повредите.
-Во СВР Тетово вчера во 17.20 часот пријавено е дека А.Л (35) по распраивја со А.П (37) е повреден со остар предмет и добил убодна рана на левата нога . Настанот се случил пред угостителски објект во близина на зелениот пазар во Тетово. Лицето А. П потоа побегнал. Екипа на СВР Тетово има извршено увид и започна потргата по А.П како и расветлување на мотивите за расправијата и повредувањето, информираат од СВР Тетово.
Извор МИА