Продолжува „Рекет“, ќе сведочи обвинителката Елизабета Јосифовска

0
72

Елизабета Јосифовска, поранешна заменичка на Катица Јанева во СЈО, денеска во Кривичен суд ќе сведоли за случајот „Рекет“.

Случајот го води судијката Васка Николовска-Масевска и се наоѓа во доказна постапка. Досега како сведоци во судот исказ дадоа бизнисменот Орце Камчев, неговата сопруга Ана Камчева, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинарот Христијан Баневски од телевизија 1ТВ и други. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски. Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.