Работите заминаа во крајност: Нападнат домот на првиот човек на Манчестер Јунајтед!

Навивачите на Манчестер Јунајтед го нападнаа домот на Ед Вудворд, јавуваат англиските медиуми. Тие направија хаос користејќи чадни бомби, спрејови, направија мал огномет и пееја навредливи песни за првиот човек на екипата.

 

Се верува дека навивачката група се вика „Луѓе во црно“, а полицијата работи на нивно идентификување. Околу 20 од нив беа виновни за инцидентот пред куќата на Вудворд. За среќа, тој и неговото семејство не биле дома. Моментално тие се на сигурно место и нема да се вратат додека ситуацијата не е под контрола на надлежните органи.

Кога ќе се дознае кои се навивачите, ќе им се суди пред законските органи, а исто така ќе им се забрани да присуствуваат на мечеви на „Олд Трафорд“.