Ратификувањето на протоколот за НАТО предизвика судир меѓу партиите

0
91

Завршувањето на процесот за членство на земјава во НАТО предизвика судир меѓу политичките партии. Од СДСМ се убедени дека Шпанија ќе го ратификува Протоколот пред да се распушти македонското Собрание. ДУИ вели дека ратификувањето на Договорот за членство во Собранието е услов за распуштање на законодавниот дом и, следствено, одржување на парламентарните избори.

Конечно дојде денот кога нашата земја ќе се приклучи во наредните недели. Се надевам дека како што поддржа ДУИ, така и сите парламентарни партии ќе го поддржат ратификувањето на Договорот за членство во НАТО, што треба да биде претпоследната одлука на ова Собрание, затоа што треба да го одобриме најдоцна до 12 февруари, пред да се распуштиме, за да овозможиме одржување на предвремените парламентарни избори”-изјави Артан Груби, ДУИ .