СДСМ: Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ беше симбол за брзорастечки долг, со политиките на СДСМ јавниот долг е стабилизиран

0
69

Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ беше симбол за брзорастечки долг, денес со одговорните политики на СДСМ јавниот долг е стабилизиран.

11 години ВМРО-ДПМНЕ заради криминални интереси и богатење на поединци ги задолжуваше граѓаните и државата по неверојатно високи каматни стапки.

Затоа денес оваа партија нема кредибилитет да зборува за управување со јавните финансии.

Благодарение на одговорните економски политики на СДСМ, бројот на аукции на државни записи е преполовен во однос на 2017 година.

Државните хартии од вредност се евтин извор за финансирање на буџетскиот дефицит, но и на доспеани обврски од 2013 и 2015 година за задолжувања направени во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

И покрај големиот број на стари обврски кои доспеваат, СДСМ успеа да го стабилизира јавниот долг и сега тој е дури на пониско ниво во однос на 2016 година.

Ако во 2016 година тој изнесувал 48,8%, согласно последната состојба, јавниот долг изнесува 47,7%

Во времето на ВМРО-ДПМНЕ јавниот долг беше брзорастечки, што беше забелешка и од меѓународните финансиски институции. Така од 2008 година од 23% јавниот долг скокна на 48,8% во 2016 година.

Старите долгови, благодарение на враќањето на довербата на инвеститорите во економијата, се рефинансираат по неколкукратно пониски каматни стапки, споредено со претходниот период.

СДСМ води одговорни економски политики за разлика од погубните расфрлања на државните пари на споменици, лажен барок и полнење на џебовите на неколкумина на врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните тоа добро го знаат и затоа на 12 април ќе потврдат дека мерките на СДСМ во економијата се правиот пат.