Силна експлозија во хемиска фабрика во Шпанија, властите предупредија граѓаните да не излегуваат од домовите, има жртви

0
72

 

Најмалку едно лице загинало а уште шест други се повредени, од кои две се критично, во моќната експлозија која предизвика пожар во хемиска фабрика во шпанската провинција Тарагона, изјави во вторникот ноќта советникот за внатрешни работи на автономната покраина Каталонија, Микел Бук.

„Во моментов е потврдена една жртва, како резултат на ударниот бран од експлозијата. Едно лице е исчезнато. Шестмина се повредени со различен степен на сериозност“, изјави Бук за каталонското јавно радио.

 

 

Граѓаните се предупредени да го избегнуваат местото на експлозијата, да останат во своите домови и да ги затворат прозорците и вратите.

Тарагона се наоѓа на 115 километри југозападно од Барселона.

Coia Ballesté@coiaballest

Explosió al polígon químic Sud de . Terme municipal . Fa uns minuts. L’explosió s’ha sentit a km de distància.

Embedded video

177 people are talking about this

Lourdes Cadena@Lourdetess

Accident a la petroquímica ⁉️⁉️⁉️

Embedded video

36 people are talking about this