Смртоносниот вирус од Кина стигна и во САД

0
46

Њујорк Тајмс“ пренесува дека првиот случај на коронавирус денеска е потврден во САД.

Пациентот се наоѓа во државата Вашингтон.

Тој имал симптоми откако се вратил во САД од патувањето во регионот околу Вухан, Кина, од каде се чини дека започнал да се шири смртоносниот вирус .

Тој бил хоспитализиран минатата недела со пневмонија и вчера е потврдена инфекцијата со коронавирус.

Пациентот е во сериозна состојба и неговиот идентитет не е откриен.

Претходно оваа недела, беше потврдено дека стотици луѓе се заразени со мистериозен вирус, поради што за утре е свикана итна средба на Светската здравствена организација за да се утврди степенот на глобална закана по здравјето, предизвикана од вирусот сличен на оној на САРС.