СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ НОВО СЕЛО – БУГАРСКА ГРАНИЦА, ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНА

0
96

21 годишно момче од Ново Коњарево струмичко загина утрово во сообраќајка на патот Ново Село бугарска граница а други три се повредени и префрлени во струмичката болница на лекување.

Како што соопшти струмичката полиција несреќата се случила 30 минути после полноќ во судар на патнички моторни возила форд и мерцедес на излезот од Ново Село кон смоларската крстосница заради што патниот сообраќај околу три часа беше пренасочуван по споредни патишта.

По несреќата на лице место извршен е увид од страна на надлежните кои треба да ги утврдат причините за ова тешка сообраќајка. Ова е втора жртва во последната недела во струмичко откако на Бадник почина 63 годишен жител од струмичко Пиперево во тешка сообраќајка на патот кон населеното место Добрашиници а други две беа полесно повредени.