ТОНЕ СЕ ПОДЛАБОКО: Од кој гигантот Боинг бара позајмица од 10 милијарди долари

0
34

Авио-гигантот Боинг преговара со банките за позајмица од 10 или повеќе милијарди долари поради големите трошоци по несреќите на авионите 737 макс.

Ова за Ројтерс го кажал анонимен извор, а како што се пренесува американската компанија собрала најмалку 6 милијарди долари од банките досега. Изворот рекол дека тие паралелно разговарале со други заемодаватели за дополнителните суми.

Неименуван извор потврдил за Ројтерс во понеделникот информација за разговорите, но точната сума што Боинг се обидува да ја добие или дали тој одлучи да ги продаде новите обврзници сè уште не е позната.

Клучно прашање за Боинг е флексибилноста, со оглед дека е нејасно колку долго ќе бидат повлечени 737 макс авионите.