Царовска – до крајот на мандатот минималец од 16 000 денари

0
98

Вицепремиерката Мила Царовска со неодреден одговор како СДСМ ќе го оствари ветувањето за минимална плата од 16.000 денари.

Таа рече дека ќе чека приватниот сектор сам да ги покачи платите на вработените, но не ја исклучува можноста минималната плата да достигне сум од 16 000 денари како и што ветила владата на СДСМ до крајот од нивниот мандат

Она што значи целосен мандат од 4 години, јас сум сигурна дека ќе постигнеме 16.000 денари. сега ја следиме имплементацијата на 14.500 денари, но чекајте да видиме што ќе ни се случи со просечната плата, со мерката субвенционирање на растот на придонеси на платите“ – рече Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска.

Повисоката минимална плата стартуваше од декември лани, а месецов работодавачите на своите работници имаат обврска да им исплтата минималец од 14 500 денари.