Четворица скопјани краделе во Тетово

Министерстото за внатрешни работи извести дека вчера околу 21 часот, полициска патрола од тетовската полиција во близина на Железничката станица во селото Ратае, ги уапсила А.К.(24), Ш.А.(37), Ѓ.К.(25) и З.К.(27) сите од Скопје. Групата е уапсена под сомнение дека во тетовско извршиле повеќе кражби. МВР денеска извести дека против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.