Шилегов: Тргнати фундаментите за панорамското тркало

0
37

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил сподели дека се отстранети фундаментите за панорамското тркало.

„Тргнати фундаментите за панорамското тркало. Мостот не е во барок. Коритото на Вардар чисто и проточно“, напиша Шилегов.

Речиси пред две години Советот на Град Скопје донесе одлука да се прекине изградбата на придружната содржина-панорамско тркало, во коритото на река Вардар, на кеј Димитар Влахов.

Пари за изградбата на панорамското тркало, како донација, даваа ЈСП Скопје и Агенцијата за електронски комуникации.

Во јуни 2017-та со одлука на Владата беше стопирано донирањето пари за овој проект.