Штип: Со воздушна пушка пукал кон малолетник, полицијата го испитува случајот

14-годишниот малолетник бил пренесен во Клиничкиот центар Штип за укажување на лекарска помош.

Во СВР Штип стигнала пријава за инцидент кој се случил синоќа околу 1 часот и 55 минути по полноќ а во кој непознато лице пукало со воздушна пушка кон 14-годишен малолетник.

Случајот го пријавил таткото на малолетникот, 41 годишниот О.А.

14-годишниот малолетник бил пренесен во Клиничкиот центар Штип за укажување на лекарска помош.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.