АНГЕЛОВСКА: ПЛАЌАЊЕТО ВО КЕШ ДО 500 ЕВРА ЌЕ ЈА РАЗГОРЕШЕ СИВАТА ЕКОНОМИЈА

0
83

 

По шест месеци откако го намалалија лимитот за плаќање во кеш до 500 евра, по скратена постапка во собранието се донесени измени за зголемување на прагот на 3000 евра. Министерката за финансии вели ова не е предлог на нејзиното министерство, туку на група пратеници, но сепак застана во одбрана на измените, бидејќи вели претходните решенија наместо да ја намалат сивата економија, постоело ризик да ја разгорат.

„Нашето укажување беше дека треба да се направи компаративна анализа со други земји и да се преписпита висината. Но, тука би истакнала дека многу претставници од коморите истакнаа дека прагот е превисок и може дополнително да ја разгорат сивата окономија, затоа што ако има лица и сака да купи одредено добро, доколку го одбие продавачот, многу често ризикува да го изгуби клиентот па можеби прават активности кои не ги сакаме како земја и како министерство за финансии.“ – Нина Ангеловска.

Претходно за време на мандатот на Драган Тевдовски се форсираа мерки за намалување на лимитот за готовината, па постепено од 15 000 евра се намали на 500 евра, со објаснување дека тоа се реформи за искоренување на плаќањето на црно.