Ахмети ги повикува другите партии на Албанците да настапат здружено на изборите

0
125

Aлбанците во С. Македонија не се дискриминирани. Може да има одредена неправда во некој судски процес, но тоа не и дискриминација на Албанците.

Oва го изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за „Косовапрес“ во кое зборува и за евроатланските интеграции на земјава, за претстојните избори и за состојбите во албанскиот политички блок.

„Еден народ кој го има своето национално знаме, еден народ кој има три универзитети на својот јазик, два државни и еден приватен, не може да се рече дека е дискирминиран“, вели Ахмети во делот од интервјуто што го пренесува „Радио Слободна Европа“.

Тој повторува дека ДУИ на претстојните парламентарни избори закажани за 12 април е решена да настапи сама и очекува дека ќе го зголеми бројот на гласачи. Сепак, Ахмети смета дека другите партии на Албанците треба да се обединат, бидејќи повеќе од две партии во албанскиот блок во земјава им прават штета на Албанците со расцепкување на гласовите и губење места во Собранието.