Двојна среќа на скопска гинекологија, близначињата Анастасија и Габриел се првите новороденчиња во државата

0
94

Двојна среќа во 2020. Новата декада почна со близнаците Анастасија и Габриел кои на свет дојдоа една минута по полноќ на Клиниката за Гинекологија и акушерство. На мајката Снежана ова и е прва рожба а бебињата ги чекала повеќе од 6 години колку што траела и битката со стерилитет. Ја породиле со ин витро во 36тата недела од бременоста.

-Првпат на Клиниката во новата година имаме раѓање на близнаци. Тоа ќе ја одбележи 2020 година, а се надевам дека таа ќе биде побериќетна и посреќна. Првото од близначињата што се роди во 00.01 часот е девојче, тешко 2360 грама и долго 47 сантиметри, а второто кое се роди во 00.03 часот е машко, тешко 1760 грама и долго 46 сантиметри. Бебињата се родени една недела предвреме, а токму предвремно родените деца се најголемите борци“, изјави д-р Викторија Јовановска, директорка на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.

Иако изненадени што првите бебиња во новата година се близнаци, скопскиот градноначалник вели дека се снашле па и Анастасија и Габриел добија штедни книшки а покрај Шилегов подароци добија и од министерката за труд и социјална политика.