Драматично повлекување на водата на Преспанското Езеро

0
88

Драматично повлекување на водата на Преспанското Езеро од неколку метра е забележано овие недели, а за овој феномен сведочат островчињата на самиот брег, пишува ресенскиот медиум Prespasky.com.

Преспанското Езеро со години се повлекува, а езерската вода, според истражувањата преку подземни канали под планината Галичица се влива во Охридското Езеро.

Една од причините за ваквото повлекување е повеќемесечната суша која го има зафатено регионот.