Ибрахимовиќ: Сакав да дадам гол и да го прославам како Бог…

0
165

Ветеранот Златан Ибрахимовиќ ова попладне го одигра првиот меч по враќањето во Милан, но и тој не успеа да им помогне на „црвено-црните“ да ја совладааат екипата на Сампдорија (0-0).

Ова за Ибра беше прв настап во дресот на „росонерите“ по мај 2012 година и истиот за него бил многу емотивен и воедно признава дека жали што не успеа да даде гол и да го прослави како Господ пред најверните навивачи на клубот од Милано.

-Можев да почувствувам многу адреналин, емоции и чувства што ги носев со мене девет или 10 години. Односот со навивачите останува прекрасен и ми дава толку мотивација. Сакав да излезам на теренот, да дадам гол и да го прославам како Бог пред Курва, -истакна Ибра кој смета дека пред оваа екипа е доста работа.

-Може да видите дека на тимот му недостасува самодоверба и агресија во постигнувањето на голови, па затоа не сме толку ефикасни. Треба да разбереме што да правиме за да го извлечеме најдоброто од овој состав. Јас сум тука четири дена и ќе пробам се што е можно за да Милан тргне во посакуван правец. Тука има недостаток на верба, -порача Златан за „Скај Спорт Италија“.