Круна, над 100 пара обувки, 50 пара наочари и десетици чанти одземени од Боки 13, тој бара парче по парче да се донесе во судница

0
82

На денешното рочиште за случајот “Рекет” обвинителката Ивана Трајчевска презентираше што се обвинителството одземало при претресот во домот на обвинетиот Бојан Јовановски.

Одземени се 15 капути, па 9 капути, 30 тренерки, 55 пара кондури, 14 пара чизми, 30 пара патики, 15 капи, 50 пара наочари, 77 пара панталони, украс сваровски, дестици чанти, накит, марами, ремени, часовници, од кои три од марката “ролекс”.. презентираше обвинителката, а облеката ланчано се повторуваше.

Боки 13 побара од судот сите овие докази да бодат донесени во судница и да бидат презентирани.