Fridays For Future Skopje за утре најавува протест пред Собрание

0
84

Утре (петок) во 15 часот пред Собранието ќе побараме крај на фарсата која парламентарните партии деновиве им ја сервираат на граѓаните во врска со законот за отпад. Младинското движење за климатска правда “Петоци за Иднината Скопје” организира протестен собир со централен перформанс – симболично седнување на улицата, кое ќе ја претставува “чекалната” во која се наоѓаат граѓаните додека се донесе решение за секојдневното труење од согорување на отпад.

Ќе седиме, но не со скрстени раце, затоа што долгата битка која минатата есен ја нарековме Зелена Револуција продолжува во 2020. Властите досега не исполнија ниту еден процент од списокот на барања на коалицијата Зелен Фронт, а калкулирањето со законот за отпад, чиј рок за донесување беше крајот на минатата година, само потврдува дека животната средина е на дното на нивната листа на приоритети.