Попмео во Киев со поддршка на украинските политичари

0
80

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска во Киев ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со други украински политичари. Вашингтон изгледа како да се обидува да се врати во Украина која се бори со сепаратистите поддржани од Русија во украинските региони Донетск и Луганск.

Помпео на социјалната мрежа Твитер напиша дека американската поддршка за Украина е цврста и дека тоа планира да го нагласи на средбите со политичарите. Со нив, напиша Помпео, ќе дискутира и како да го надградат стратегиското партнерство и да ја подобрат позицијата на Украина како демократска држава.