Случај „ТНТ“: Наместо Страшевски, утре Трајковски ќе го застапува адвокат по службена должност

0
86

Од тоа што досега е познато Судскиот совет за истечениот мандат на поротничката ќе расправа на веќе закажаната седница на 27-ми јануари, а дотогаш секојдневно ќе се одржуваат рочишта за предметот “ТНТ”.

Одрбаната очекуваше утрешното рочиште да се одложи поради одмор на адвокатот на обвинетиот екс градоначалник Тони Трајковски, Јовица Страшевски, но претседателот на судот одлучи на негово место да се назначи адвокат по службена должност.

Ова според Страшевски е противзаконски.