Kоста Начевски го презема директорското место во Дрисла од разрешениот Горан Ангелов

0
42

Со документите кои денеска беа предадени во Централниот регистар е официјализирано разрешувањето на досегашниот директор Горан Ангелов. Начевски во 2013 беше кандидат за градоначалник на Бутел од редовите на СДСМ.

Откако името на Ангелов протече во јавноста во аферата за увезување италијански отпад во Бугарија, градските власти ќе истражуваат дали ја злоупотребил положбата за да носи таков отпад и во земјава. Доколку се потврди, ќе следи кривична пријава.

Во ек на големи пикови на загаденост, почнаа и чистењата на најопасните жаришта кои го загадуваат воздухот. За десетина дена целосно од ѓубре ќе се ослободи некогашната дива населба кај Кале. Над 200 лица, кои живееја во импровизирани бараки и палеа пластика, гума и дрво за да се згреат, се згрижени во соодветни институции. Шилегов гарантира дека ова место повеќе нема да биде црна точка во градот.